Microsoft office project i kvantitativni metodi (Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 15 | Nivo: Ekonomski fakultet, Prilep

ВОВЕД
Најнапред би започнале со општи карактеристики за проектот, како истиот се изработува во Microsoft Project и која е неговата намена за проектните менаџери.
Потоа ќе дадеме конкретно изработен пример во овој програм односно изработен проект. Проектот односно идејата за истиот е за подготовка и активности за организирање на свечености, конкретно во нашиот пример подготовка за свадба. Ќе бидат опфатени неколку фази и потфази во проектот, нормално со запазување на роковите за извршување на истите.
На крајот би вклучиле анализа на направениот проект и би дале заклучок за неговата реализација и извршување.
1. ПОИМ И КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ПРОЕКТ И ПРОЕКТЕН ЦИКЛУС
Секој човек прави проекти. Градењето на куќа е проект. Од најпростите градби до најсложените градби за куќи, проектите се дел од нашиот живот. Но, поконкретно, што е проект и што содржи истиот? Поимот проект, по дефиниција означува изработка на некаков план. Природата на проектите е тоа што тие се динамични, тендираат да растат, да се менуваат. Секој проектен менаџер треба да води сметка за одвивањето на проектот за да ги постигне целите поставени со истиот.
Проектниот менаџмент е дисциплина која се занимава со изучување на природата на проектите и предлага начини за контролирање на реализацијата на истите. Проектниот менаџмент се залага да ги организира и систематизира фазите во проектот со цел да ги минимизира неизвезностите и изненадувањата кои можат да произлезат.
Следниве примери искажуваат што се може да значи проект:
Преселување на фирмата на нова локација
Развој на нова софтверска апликација
Изработка на прирачник
Адаптација на некои простории во вашата куќа
Изработка на реклама за телевизија за некој нов производ
Воспоставување на мрежа компјутери во некоја фирма
Подготовка за стекнување на акредитив или сертификат
Обновување на програма за обука на кадри
Започнување на нов бизнис
Маркетинг кампања за некој нов/постоечки производ/бренд на производи
Ревизија на комплетниот софтвер или книговодствен систем кој го користи фирмата
Секој проект ги има следниве општи карактеристики:
Проектот има специфична цел ( знаеме дека сме го завршиле проектот тогаш кога успешно сме ја постигнале поставената цел)
Проектот има свое времетраење (тоа означува согледување колку е успешно реализиран проектот во дозволеното времетраење)
Проектите вклучуваат ресурси ( ресурси не се само луѓето, ресурси се и парите, машините, материјалите итн. Колку добро се алоцирани и рационално користени ресурсите е уште еден показател за успешноста на проектот)
Секој проект вклучува фази, чекори наречени “tasks”
Проектниот циклус, пак, како што кажавме ги опфаќа сите фази кои го сочинуваат истиот. Постојат повеќе гледишта за фазите на проектниот циклус. Според едно гледиште, проектнио циклу се сосотои од следниве фази:
Идентификација на проблем

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!